
29 Jul Пет илјади луѓе маршираа за ЛГБТ правата на Фарските острови
Минатата недела една десетина од популацијата на Фарските острови маршираше на фарскиот марш на гордоста. Но, и покрај широката подршка на јавноста, законодавците од оваа земја сè уште продолжуваат да се противат на легализацијата на истополоите бракови.
Фарските острови се автономна земја која е зависна од Данска и заедно со Финска тие остануваат единствените нордиски земји во кои не е дозволено истополовите парови да стапуваат во брак.
На Фарските острови живеат околу педесет илјади жители, а според проценките на полицијата, пет илјади биле присутни на маршот кој се оддржа во главниот град Трошавн.
Неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката на истополовите бракови помеѓу островјаните изнесува шеесет и осум насто.
Меѓутоа, усвојувањето на законот со кој ќе се дозволат граѓански бракови за истополовите парови беше одбиено минатиот март со дваесет гласови „против“ наспроти единаесет „за“.
Извор: Gay Star News