Запознајте ја првата трансродова водителка на вести во Турција

Запознајте ја првата трансродова водителка на вести во Турција

Запознајте ја Мишел Демишивич, истакната ЛГБТ активистка и првата трансродова водителка на вести во Турција.

 

Во споредба со другите муслимански земји, Турција е потолерантна кон геј и трансродовите индивидуи. Турција е домаќин на најголемиот ЛГБТ прајд настан во целиот муслимански свет и уште од осудесетите години на дваесетиот век промената на родот е правно овозможена. Но, и покрај законските промени, турското општество се менува многу бавно во однос на кревањето на нивото на прифќање на ЛГБТ луѓето.

 

Според интервјуто со Демишивич  направено од страна на АФП, сè уште постои екстремно насилство врз транс жените. Самата Демишивич била нападна во парк од страна на напаѓач кој од неодмана е уапсен и осуден на затворска казна. Исто така постои голем број на муслимански свештеници кои не дозволуваат трансродовите ликови да бидат погребани на муслимански гробишта.

 

„Дури по смртта ние сме оттурнати на маргините на општеството“ – вели таа.

 

Додека на западот, трансродовите ѕвезди како Лаверн Кокс и други стануваат дел од мејнстримот, во Турција, земја која се наоѓа на границита помеѓу Истокот и Западот, позицијата на Демишивич е крајно уникатна.

 

Извор: Jezebel