18 Jul Сто ХИВ истражувачи загинаа во авионската несреќа во Украина
Глобалната заедница на ХИВ е во жалост откако беше откриено дека голем дел од патниците на летот МХ17 на мелезиската авиокомпанија кој беше соборен во Украина, биле патици чија дестинација била Меѓународната конференција за СИДА во Мелбурн, Автралија.
„Меѓународното СИДА друштво (ИАС) денеска изрази искрена тага кога стигна за веста дека голем број на колеги и пријатели кои биле на пат до Мелбурн, Австралија за да учествуваат на дваесетата Меѓународна конфереција за СИДА, се наоѓале во авионот кој беше срушен во Укриана“ – се вели во соопштението на организаторите на конференцијата.
„Во овој неверојатно тажен момент ИАС изразува поддршка кон своето меѓународно семејство и испраѓа сочуство до блиските на оние кои ги загубија своите животи во оваа трагедија“ – се вели понатаму во соопштението.
Листата на патници сè уште не е објавена, но се знае дека меѓу загинатите е поранешниот претседател на Меѓународното СИДА друштво, Јуп Ланге, како и медиумскиот советник на Светската Здравствена Организација, Глен Томас.
Се верува дека на листата на загинати се наоѓаат и Пин де Кујер и Мартине де Шутер, кои работеа за организации поврзани со AIDS Fonds foundation.
Исто така се верува дека околу стотина од двесте деведесет и осумте патници патувале на Меѓународната конференција, и во моментот се наоѓале на релација Амстердам – Куала Лумпур, за да оттаму фатат друг лет за Мелбурн.
Се шпекулира дека авионот бил соборен од страна на руските сепаратисти во источниот дел на Укриана кои мислеле дека се работи за авион на укрианската воена авијација.
Извор: Gay Star News