16 Jul Медициската марихуана наскоро ќе биде легална и во Флорида
Флорида се наоѓа на еден чекор од легализирањето на медициската марихуана. Следниот ноември гласачите во Флорида ќе одлучат дали да дозволат продажба и употреба гласајќи за Инцијативата за правото на употреба на медицинска марихуана, во јавноста позната како Амандман 2.
Мадицискиот канабис е легален во дваесет и три сојузни држави на САД, вклучувајќи го и Дисктриктот Колумбија, а некои веќе ја прогласија за чудесен лек кој може да излечи широк спектар на болести.
Минатиот мај, тригодишната Далија Бернхарт беше дијагостицирана со агресивна и ретка форма на рак на мозокот. Нејзината мајка, Морија Бернхарт, изјави дека хемотерапијата не и’ помогнала и дека Далија се наоѓала на смртна постела сè додека не започнала терапија со медицинска марихуана.
„Конвенционалиот третман на ваквиот вид на болест има ниска стапка на успех. Немав друга опција освен да почнам да употребувам медицинска марихуана, да видам дали може да помогне“ – рече Бернхарт.
Далија орлано прима масло од канабис кое има ниски нивоа на ТХЦ, за да биде спречено наркотичното дејство на лекот. Во моментот, туморот се намалува.
Бернхарт, која сега е дел од застапничката група „Канамајки“ е свесна дека постојат скептици, но таа се држи до својата одлука на својата ќерка да и’ дава канабис.
„Мозокот ни е исперен. Зборувам првенствено во свое име. Јас бев претходно една од тие луѓе, пред да се најдам во оваа ситуација“ -рече Бернхарт за Њуз4. Но ништо повеќе не ми значи од она што го гледам со сопствените очи и фактот што таа се наоѓаше на смртна постела, а сега е среќно и енергично дете“.
Голем број на луѓе марихуаната ја нарекуваат чудесен лек за најлошите форми на рак и други сериозни заболувања.
Извор: News4jax