Грешки, ама во законите

Грешки, ама во законите

Автор: Наташа Бошкова, адвокатка, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

 

Неодамна Данска усвои закон со кој се олеснува постапката за правно признавање на родот на транс лицата. Дијагнозата пореметување на родовиот идентитет повеќе не е повеќе услов за транс лице да се стекне со правото на правно признавање на преферираниот род кој се разликува од оној назначен при раѓање.

 

Во Македонија, постои правен вакуум во однос на правата на транс лицата, срамежливо се води дебата за воведување на родовиот идентитет како основ за заштита од дискриминација, а државата ја премолчува својата обврска да создаде минимум услови за достоинствен живот на транс лицата.

 

Со цел остварување на безбеден, исполнет и автентичен живот, клучно е транс лицата да имаат пристап до документи за идентификација кои точно го рефлектираат нивното сегашно име, родов идентитет и родово изразување.

 

Немањето на соодветна законска рамка која ќе одговори на потребите на транс заедницата, произведува арбитрерни одлуки на државните органи во постапувањето по барањата на транс лицата. Самоопределувањето во родот кој не соодветствува со оној назначен при раѓањето, води кон долг и мачен процес на правно признавање на посакуваниот род од страна на државата, а честопати е долга приказна без изгледи за разрешница.

 

Всушност, способноста да се живее во посакуваниот род и истиот правно да е признаен, е условен од поседување на документи за лична идентификација (лична карта, пасош, осигурување, возачка дозвола, свидетелства, дипломи и др.) со постоечкото име и посакуваниот родов идентитет, а кои се неопходни за непречно функционирање во секојдневниот живот. Во Македонија, промената на името е можна во лесна и брза процедура за која има утврдени критериуми што треба да се исполнат.

 

Прочитајте го целиот текст на  Академик