09 Jul Попречен законот за криминализација на клиентите на сексуалните работници/чки во Франција
Со предложувањето на закон за борба против проституцијата, минатата година Францускиот парламент го најави планот чија цел беше криминализирање на клиентите на сексуалните работници/чки. Но, оваа недела комитетот на Сенатот го попречи овој план, менувајќи клучен член според кој клиентите би требало да се казнуваат со парична казна од илјада и петсотини евра.
Сенаторката Esther Benbassa го посочи лошиот пример на Шведска каде што клиените се криминализирани уште од 1999. Многумина сметаат дека законот во оваа земја не придонел за намалување на проституцијата и едноставно го направил животот на сексуалните работници/чки уште поопасен.
„Ја нагласивме опасноста за сексуалните работници/чки која произлегува од пенализацијата на клиентите, со тоа што тие би биле приморани да се кријат и да им дозволуваат на поопасните клиенти да им ги наметнуваат своите желби. Примерот со законот во Шведска покажа дека тоа не функционира“ – рече таа.
Аргументот на Benbassa е истиот оној кој минатата година го употребија организациите не сексуалните работници/чки кои сметаа дека нивните животи ќе станат поопасни доколку полицијата започне да ги казнува нивните клиенти, затоа што ќе бидат приморани да работат во поопасни услови. Меѓутоа, феминитичките групи во Франција негативно реагираа на оваа вест.
„Со изоставувањето на членот за криминализацијата на клинетите, комитетот на Сенатот смета дека купувањето на секс чија крајна цел е сексуална експлотација, а со тоа и силување, не претстаува репресивен акт. Со тоа, Сенатот го поддржува ставот дека клиентите не се одговорни за насислтвото врз проститутките“ – се вели во соопштението на феминистичката организација Osez le Féminisme. Усвојувањто на измената нема да помине добро ниту кај француската Министерка за женски права, Najat Vallaud-Belkcam, која го предложи законот.
По одлуката на сенаторите, пратеникот од Социјалистичата партија, Maud Olivier, изјави дека доколку законот не ја намалува побарувачката, тогаш тој нема да биде ефикасен. Но, битката сè уште не е завршеа, затоа што членот може повторно да биде вратен во законот кога тој ќе пристигне на дневниот ред во Сенатот.
Со поделените мислења, кои ги има дури и помеѓу пратениците, сенаторите би можело да се соочат со фатален удар кој би претставувал радикална промена на законте за проституција во Франција.
Извор: The Local