03 Jul Петиција за одбележување на 22 јули како Eвропски ден на жртвите на злосторствата од омраза
Членовите и активистите на No Hate Speech Movement, младинската кампања иницирана и координирана од страна на Советот на Европа, ги повикуваат европските институции и Државите членки на Советот на Европа да го определат Европскиот ден на жртвите на злосторствата од омраза на 22ри Јули. Ова го правиме со цел да ги одбележиме и овековечиме жртвите на злосторствата од омраза и оние кои на каков било диектен или индиректен начин имаат патено поради ваквите напади. Исто така, наша цел е и да покажеме солидарност за оние кои се таргетираат, да ја подигнеме свеста и да ја едуцираме широката јавност за злосторствата од омраза и нивните последици врз општеството.
Петицијата можете да ја потпишете на страната на No Hate Speech Movement.