Денеска на програмата на Неделата на гордоста

Денеска на програмата на Неделата на гордоста

Во 20 часот во ЛГБТИ Центар за поддршка ќе се оддржи проекција на документарниот филм “Што е парада?” во режија на Наташа Гелева и дискусија за филмот со авторката.

 

За филмот:

,Дали ако си поинаков од другите и одлучиш тоа што си е парадирање? Дали ако сакаш да го задржиш своето достоинство е парадирање? Колку страдање има во долгот вложен за слободата? Колку чини автентичноста?‘‘

Ова е приказна за еден млад човек како сите нас, човек кој сака и го сакаат, продуктивен член на општеството, со голем креативен потенцијал. Човек кој успева да се справи со својата „различност“ со хумор.

 

 

Учествуваат: Јовче Петрески, Кристина Тодороска Петреска, Марија Новак

 

Монтажа  Кети Петровска

 

Сценарио:Наташа Гелева и Кристина Тодороска Петреска

 

Режија и камера: Наташа Гелева

 

Овој филм е финален производ на Локалната пилот актвност во склоп на проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размена меѓу уметници кои работат во социјалната област“, имплементиран од страна на Медиа Артес, Охрид и подржан од Европска Унија.

 

 

Денекса во дворот на Младински образовен форум (ул. Дренак 34А) исто така се оддржува и едукативна работилница за млади „ЛГБТИ правата се човекови права“ организирана од страна на младински образовен форум и Студентска организација Излез.