Копретседателката на ЛГБТ-Интергрупата нападната во Виена

Копретседателката на ЛГБТ-Интергрупата нападната во Виена

Минатата недела копретседателката на ЛГБТ-Интергрупата Улрике Луначек беше нападната на Виенската парада на гордоста.

 

Врз неа и новинарот кои ја интервјуирал било фрлена течност. најверојатно токсична но несмртоносна киселина која развива непријатна миризба.

 

Иако контрапротестите се вообичаени, но ваков вид на таргетиран напад се нема случено претходно за време на малиот „Марш за семјството“ кој се оддржуваше во исто време со Парадата.

 

На Парадата на гордоста во Виена учествуваа скоро сто и педесет илјади луѓе.

 

Коментирајќи го инцидентот, Улрике Луначек рече: „Се чувствуваме смирено по директниот личен напад. Верувам дека полицијата ќе си ја заврши својата работа и ќе го изнесе сторителот пред лицето на правдата. Смрдеата беше присутна неколку часа, но за среќа никој не беше повреден, иако нашите облеки и видео материјалите беа уништени. Тажна сум и иритирана што ова се случи во мојот роден град, но ова само ќе ме направи посилна во мојата посветеност на ставањето крај на поттикнувањето омраза во Европа.

 

Потпретседателката на ЛГБТ- Интергрупта, Софиа ин ‘т Велт се придружи кон осудата и изјави: „Јас сум шокирана и згорзена од нападот. Посакувам ваквите напади повеќе да не се случуваат, но тие тие нè потсетуваат дека секое четврто ЛГБТ лице е мета на напади и закани со хомофобично насилство. Мораме да го разбереме ова како сериозен сигнал дека хомофобите се подготвени да направат сè, вклучувајќи насилстово, за да ги наметнат своите ставови. Политичките и верските лидери мораат да покажат одговорност и да зборуваат против хомофобичнатата омраза и насислтво, наместо премолчено да ги прифаќаат, па дури и да ги поддржуваат“.

 

Извор: LGBT-EP