МОФ: Mакедонија нема програми за лекување на зависници од дроги помали од 16 години

МОФ: Mакедонија нема програми за лекување на зависници од дроги помали од 16 години

– Од вкупниот број на регистрирани случаи на предозирање од опијати во Македонија, 42% се малолетни деца, покажуваат податоците на невладината организација ХОПС, презентирани на денешната конференција на тема „Третман и грижа на деца кои употребуваат дроги“ – се вели во текстот на Моника Кочовска објавен на МОФ.

 

„Според истражувањето на Институтот за јавно здравје и невладината организација ХОПС направено во 2010 година, бројката на луѓе кои употребуваат дроги се движи од 10.300 до 10.900. Од овие, речиси половина од случаевите се регистрирани во Скопје.

 

Иако бројките се големи, во Македонија се уште не постои соодветна програма за лекување на деца – корисници на дроги.

 

– Она што е повеќе загрижувачко е тоа што кога децата веќе употребуваат дрога, за да не преминат во фаза на зависност, значи поголем дел од децата нема да станат зависни, меѓутоа кога веќе стануваат зависни тука имаме веќе проблем, затоа што немаме соодветен одговор, немаме програми, ниту за лекување ниту за ресоцијализација и тука настанува поголемиот дел од проблемите кои се ризични по животот на самите деца, рече Влатко Деков од организацијата ХОПС.

 

Истражувањата на ХОПС покажуваат дека инхалацијата со лепак ја користат дури и деца од тригодишна возраст, а во изминатите две години, три деца се починати како зависници од наркотични средства….“

 

Прочитајте го целиот текст на Радио МОФ