07 Jun Словачкиот парламент усвои уставна забрана за истополовиот брак
Словачкиот парламент усвои уставна забрана за истополовиот брак, менувајќи ја дефиницијата на бракот кој сега претставува „уникактна врска помеѓу маж и жена“.
Уставните промени, кои беа усвоени со сто и два гласови „за“, осумнаесет „против“ и три воздржани, беа заеднички предложени од страна на влаедачката партија Смер и нејзиниот опозициски ривал Христијанско-демократската партија, а исто така беа поддржани и од седум пратеници од други партии, се вели во извештајот на Блумберг.
Со амандманот се забрануваат истополовите врски да бидат признаени како „брак“, но исто така и одобрување бенефициите кои ги имаат признаените заедници помеѓу маж и жена“.
Со усвојувањето на овој амандман, Словачка, во која според пописот од 2011 шеесет и два проценти од населенито е римокатоличко, претстувува девијација од мнозинството земји членки на ЕУ кои преземаа чекори за легализација на истополовиот брак и граѓански заедници.
Критичарите велат дека премиерот Роберт Фико ги следи неговите источно европски колеги од Полска и Хрватска, кои исто така усвоија слични забрани, со цел да ја зголеми подршката на конзервативните гласачи откако минатиот март ги загуби претседателските избори.
„ Овој потег оди наспроти трендовите во ЕУ и претставува типична идеологија на социјалистичката партија“ – рече Григориј Месежников, диркеторот на Институтот за јавни работи во Братислава.
Извор: LGBTQ Nation