Објавен нов број на С-Ворк

Објавен нов број на С-Ворк

СТАР-СТАР го објави нов број на магазинот S-Work кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете овде или кликнувајќи на сликата погоре.

 

Во инфото за актуелниот број на магазинот се вели:

„Во најновиот број на нашиот онлајн магазин ќе најдете содржини кои ги таргетираат сексуалните работници кај нас и во светот како составна клетка на секое општество.

 

– Момци кои работат како сексуални работници само преку интернет (онлајн секс) Придобивките од интернетот во сексуалната индустрија, различни искуства и ставови…

 

– Резиме за холандскиот музеј на проституцијата.

 

– Одбележан Меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата во Скопје.

 

– 2-ри Јуни Меѓународен ден на сексуалните работници, слики од изминатите години.

 

– Лајф Бал, настан кои го слави животот и дава подршка на лицата што живеат со ХИВ“