14 Nov Геј пингвините ќе бидат разделени
Два машки пингвина во зоолошката во Торонто, за кои се смета дека се во врска, ќе бидат разделени во следните недели поради тоа што припаѓаат на загрозен вид, се вели во Торонто стар.
Бади кој е стар дваесет години, и Педро, кој има десет, покажуваат знаци на однесување при парење, или „спојување на парови“, но нивната врска ќе заврши бидејќи парот ќе биде ставен да живее со женки пингвини поради парење.
Африканскиот пингвин е загрозен вид со помалку од четвртина милион живи примероци во светот, а зоолошката во Торонто планира да им го зголеми бројот.
Парот, кој бил роден во заробеништво, пристигна минатиот мај кога нивната врска процвета, се вели во весникот.
Чуварот во зоолопшката градина изјави за Торонто стар „Тие се однесуваат исто како хетеросексуален пар“
Ова е еден од многуте забележани случаји на истополови парови на пингвини. Два пингвина од њујоршката Централ Парк зоолошка градина успеаа заедно да излежат јајце и да го израснат пилето кое беше именувано Танго кога се испили.