Лисабон би можело да ја добие првата просторија за безбедно инјектирање

Лисабон би можело да ја добие првата просторија за безбедно инјектирање

Советот на градот Лисабон одбра локација која ќе стане првата просторија за аситирана употреба на дрога во Португалија, популарно позната како „шутинг галерија“.

 

Просторот се наоѓа на улцата Руа де Палма, во квартот Морариа во близина на здравствен центар и на идна полициска станица која треба да биде отворена следното лето, изјави Хоано Менесес, координаторот на единицата за приоритентна интервенција за Морариа.

 

Главната причина за изборот на оваа локација е фактот што таа не претставува „зона која има густа популација во која има отпор од страна на луѓето кои не сакаат во нивна близина да има соба за употреба на дрога. Тоа е место кое е отворено за градот и има лесен пристап преку јавниот превоз“, смета Менесес.

 

Проектот сè уште се ноаѓа во фаза на истажување и не се очекува да привлече голем број на корисници, рече Менесес. Се очекува да ја користат околу педесетина лица, вклучувајќи луѓе од околината но и од луѓе кои не живеат во близина.

 

Законот со кој се дозволуваат простории за безбедно инјектирање во Протугалија беше усвоен пред неколку години, но им беше оставено на локалните совети да го имплеметираат. Досега ниту еден совет го немаше сторено тоа.

 

Според Хоао Гоулао, раководителот на одделот на минстерството за здавство кој ги надгледува политиките на дроги во Португалија, „ова би можело да биде експериментален проект кој ќе биде применет и во други делови на Лисабон“.

 

Целта на ваквите простории е да се намали шетата предизвикана од употреба на дрога, како на пример споделување на валкани игли кое придонесува за пренесувањето на крвно преносливи болести, но и да се осигура дека корисниците на дрога ќе бидат во редовен конакт со здраствени работници.

 

Извор: Portugal News