Четвртина од избраните европратеници се посветени на ЛГБТИ еднаквоста

Четвртина од избраните европратеници се посветени на ЛГБТИ еднаквоста

Сто осумдесет и два пратеника (околу 25 проценти) од избраните членови на Европскиот Парламент кој има седумсто педесет и еден член ја потпишаа заклетвата на ИЛГА-Европа со која се обрзаа на унапредување на човековите права и ЛГБТИ еднаквоста во следните пет години.

 

Откога минатот јануари започна Come Out кампањата, ИЛГА-Европа и нејзините членови побараа поддршка од кандидатите во сите земји членки на ЕУ за нејзината заклетва во десет точки. Илјада сто деведест и четри кандидати од сите дваесет и осум земји членки на ЕУ ги поддржаа десетте приоритети на ИЛГА-Европа за ЛГБТ правата во следниот состав на Европскиот Парламент.

 

Габи Калеха, кораководител на извршниот борд на ИЛГА-Европа, изјави:

„Им заблагодаруваме на сите кандидати кои ја поддржаа нашата заклетва. Големиот број на поддржувачи значи растечка поддршка за ЛГБТИ еднаквоста. Вистинската работа започнува сега. Ветувањата кои беа дадени траба да бидат трансфоримрани во дела. Европратениците кои ја потпишаа заклетвата мораат да бидат водечката сила за човековите права и ЛГБТ еднкавоста во следниот состав на Европскиот Парламент. Нивниот прв тест ќе биде да осигураат дека следниот состав на Европската Комисја ќе биде поветен на усвојувањто на Европската ЛГБТ стратегија како и на внатрешната ЕУ стратегија за човекови права“.

 

Таа исто така додаде: „Мораме да им се забалагодариме на сите ЛГБТИ групи и сојузници кои се мобилизираа за да оваа оваа кампања биде успешна. Нашата кампања е доказ дека мобилизациајта на граѓаните може да има успех“.

 

Кометирајќи ги резлутатите од изборите за Европскиот Парламент, Пауло Корте

-Реал, член на извршниот борд на ИЛГА Европа, рече:

 

„Резултатите од изборите ја потресоа цела Европа поради зголемената поддршка на крајно десничарските партии кои ќе бидат дел од Европскиот Парламент. Меѓутоа, мнозиството во парламетот е се уште во рацете на политички групи кои ја поддржуваат идејата за Европска Унија во која се почитуваат основите права и во која се води борба против дискриминација. Ќе продолжиме да работиме со сите партии кои се целосно посветени на агедата на човековите права и ЛГБТИ еднаквоста за да ја зајакнеме меѓупартиската поддршка која е најмногу потребна со цел се унапредат достоинството, еднаквоста и социјаланата правда во Европа.

 

Извор: ILGA-Europe