Фејсбук соопшти дека суспендирањето на профилот на корисникот кој постираше про-ЛГБТ слика било грешка

Фејсбук соопшти дека суспендирањето на профилот на корисникот кој постираше про-ЛГБТ слика било грешка

Фејсбук соопшти дека по грешка го суспедирал профилот на една Италијанка која имаше постирано про-ЛГБТ фотографија.

 

Корисничкиот профил на дваесет и осум годишната Карлота Тревисиан беше суспендиран минатата сабота откако таа постави фотографаија со која имала намера да го одбележи Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата.

 

Во текстот на Д’ Индепендент се вели дека други Фејсбук корисници се пожалиле за фотографијата, која претставува сток фотографија која ја користат голем број на активисти за геј права, а еден од нив ја нарекол сликата „одвратна“.

 

Тревисиан изјави за Ла Стампа дека подоцна Фејсбук стапил во контакт со неа и побарал да ја отстрани фотографијата. Кога таа обила, нејзиниот профил бил суспендиран.

 

Тревисиан изјавила: „На кого му наштетува оваа слика кога ќе се земе предвид дека голем број на вакви слични фотографии можат да се најдат на Гугл? Како може една слика да предизвика толку непријатност?“

 

Фејсбук си ја призна грешката, за која велат дека била основана на пријава од страна на друг корисник, а подоцна профилот на Тревисиан бил вратен во употреба.

 

Портпарол на Фејсбук изјави за Базфид:

Во напорот брзо и ефикасно да ги процесираме пријавитте кои ги добиваме, нашиот тим ревидира голем број на пријави секоја недела и како што може да очекувате понекогаш правиме грешки и блокираме содржиние кои не би трабало да ги блокираме. Разбираме дека луѓето се фрустрираат кога ќе се случи таква грешка, каков што беше и овој случај.

 

Извор: Buzzfeed