14 May Заедно против хомофобијата и трансфобијата!
На 18 мај со почеток во 12 часот на пладне ќе го одбележиме меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата (IDAHO). Оваа година IDAHO ќе го посветиме на борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориениентација и родов идентитет, како една од главните политички потреби на ЛГБТИ заедницата во Македонија. Прв чекор кон заштитата од дискриминација се промените во Законот за спречување и заштита од дискриминација преку внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација во членот 3.
Овој ден ќе го посветиме на иницијативата за промена на Член 3: Поддршка и солидарност со ЛГБТИ заедницата.
Од 12 часот на Школка во Градски Парк ќе одржиме четри часовен настан кој ќе вклучува:
– Говори од јавни личности поддржувачи на борбата против хомофобијата и трансфобијата
– Промоција на престојаната кампања
– Потпишување на картички до пратениците со барања за иницирање на измени во Законот за спречување и заштита од дискриминација
– DJ сетови на Соња Исмаил, Зоки Бејбе и Мирко Попов
Ве повикуваме на настанот за заедно да покажеме солидарност со борбата за човековите права на ЛГБТИ заедницата.
Поинаков свет е возможен!
Најавата на Фејсбук можете да ја најдете на следниов линк.