Активистите од Уганда предупредуваат за последиците од усвојувањето на закон со кој се криминализира преносот на ХИВ

Активистите од Уганда предупредуваат за последиците од усвојувањето на закон со кој се криминализира преносот на ХИВ

Активистите во Уганда, земја во која ХИВ преваленцата постојано расте, предупредија дека новиот закон за криминализација на намерното пренесување на ХИВ-от ќе ги поткопа напорите за спречување на епидемијата и ќе ги уназади правата на лицата кои живеат со ХИВ.

 

Законот за превенција и контрола на ХИВ/СИДА, кој беше усвоен на 8 мај од страна на парламентот на Уганда и кој треба да биде потпишан од страна на претседателот на земјата, предвидува парични и затворски казни во траење до десет годни за сите оние кои ќе бидат прогласени за виновни за „намерна“ трансмисија на ХИВ.

 

Со законот се обврзуваат бремените жени и нивните партнери да направат ХИВ тест, а во некои случаи им дава овластување на здравствените работници без согласност на пациентот да го соопштат ХИВ позитивниот статус на партнер или член на семјството кој се наоѓа под ризик. Според овој закон родителите се исто така обврзани да им го кажат својот статус на нивните деца.

 

„И покрај долгогодишниот ангажман во објаснувањето на опасностите кои произлегуваат од кривичен закон наменет за ХИВ-от, парламентот одби да биде советуван. Кога експертите за ХИВ истражувањата се обидоа да зборуваат, пратениците не ги разбраа нивните клучни поенти“ – рече Дора Кинконко Мусингузи, извршен директорката на Мрежата за право, етика и ХИВ/СИДА на Уганда.

 

Во последните пет години ХИВ преваленцата во Уганда порасна од 6,4 проценти на 7,3.

„Доказите од Министерството за здравство на Уганда јасно покажуваат дека криминализацијата на ХИВ-от не функционира. Таа само ги оттргнува луѓето од сервисите и предизвикува дискриминација и страв“ – рече Азија Расел од организацијата која се бори за правата на лицата кои живеат со ХИВ Health GAP.

 

Алекс Арио, националниот координатор на програмата за контрола на СИДА-та при министерството за здравство, изјави: „Законот нема да биде корисен. Тој не додава никава вредност на досегашните напори. Всушност, порадо би усмериле повеќе средства во лобирање владата на Уганда да обезбеди повеќе пари за ХИВ активности наместо да усвојува закон против луѓето кои живеат со ХИВ“.

 

Расел додаде дека заедно со законот против хомосексуалноста, кој беше усвоен минатиот февруари, со новиот закон сексуалните работници кои се трансродови лица и кои имаат ХИВ би можеле да добијат доживотна затворска казна.

 

Музингузи рече „Овој закон ќе им штети на жените кои ние ги охрабрувавме да направат ХИВ тест за да можат да родат деца кои ќе бидат ХИВ негативни. Но во овој случај, тие ќе мораат да ги објават своите резултати и ќе треба да бидат исплшени и да не го направат тоа на време, а тоа значи дека се потенцијални кандидати за да бидат гонети според новиот закон. Постојат големи шанси овој закон да не биде праведен кон ХИВ позитивните лица кои што се ноаѓаат во таква ситуација, поради високото ниво на стигма и осудување со кои се соочуваат овие луѓе“.

 

Според податоците на Комисијата за СИДА на Уганда, секоја година повеќе од сто педесет илјади луѓе во оваа земја стануваат ХИВ позитивни, а во моментот еден и пол милион жители на Уганда се ХИВ позитивни.

 

Овој закон оди наспроти пристапот кој се базира на права кој е дел од регионалиот закон за ХИВ/СИДА кој беше усвоен во април 2012 од страна на Источно-африканскиот правен совет.

 

Извор: irin news