Еконoмистите сметаат дека војната против дрогите не покажува резултати

Еконoмистите сметаат дека војната против дрогите не покажува резултати

Во новиот извештај на Лондонската економска школа кој беше доставен до Обединетите нации се потенцираат неколку полиња во кои би можело да се постигне успех во борбата против дрогите.

 

Извештајот кој има осумдесет и една страна и кој е насловен „Ставање крај на војната против дрогите“ беше потпишан од страна на пет добитници на Нобеловата награда во полето на економијата. Во него се повикува на посебни акции за создавање на битни промени и спречување на колатералните штети предизвикани од војната против дрогите.

 

„Ние не велиме дека знаеме како треба да изгледаат политиките на дроги во следните триесет години. Ние само велиме дека досегашниот пристап е нефикасен и дека треба да се движиме во друг правец“ – изјави Џон Колинс координатор на проeктот за меѓународни политики на дроги на Лондонската економска школа.

 

Во извештајот јасно се вели дека свет во кој нема да има дроги не е возможен, па пореална цел е да се залагаме за декриминализација на дрогите. Масовното праќање во затвор на престапници кои направиле криминал поврзан со дрога претставува голем трошок за нашите влади, но и за менталното и физичкото здравје на затворениците, се вели во извештајот. Во него исто така се вели дека сепак има одредени бенефити од прохибицијата, како намалување на зависноста од дрога, но насилството и корупцијата исто така можат да бидат последица на забраната на дрогите. Војната против дрогата исто така негативно се одразува на невини жртви.

 

Во Дејли Бист се вели дека борбата на Колумбија против наркомафијата допринела за тоа оваа земја да се најде втора на листата на земји со најголем број на внатрешно раселени лица. Исто така, од 2007, околу двесте илјади луѓе го напуштиле градот Хуарез во Мексико.

 

Авторите на студијата се надеваат дека членките на ОН ќе ги послушаат и дека ќе имаат пјсаната слика за глобалната борба против дрогите. „Луѓето се плашат од дрогите и за тоа имат добри причини, затоа што овие супстанции можат да уништат човечки животи. Но нивното незнаење резултира со претерани реакции. До сега, тие прават поголеми штети од самите дроги. -изјави Колинс.

 

Извор: The Week