Активистите порачаа „Не сте сами“

Активистите порачаа „Не сте сами“

 

Како дел од кампањата „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“ група активист(к)и во саботата, 10 мај, на плоштадот во Скопје одржаа јавна акција чија цел е покренување на јавната свест за борба против хомофобијата и трансфобијата.

 

Акцијата, меѓу другото, имаше за цел да покаже и да повика на солидарност со ЛГБТИ заедницата, но и повик кон самата заедница да се приклучи кон борбата за своите права.

 

Акцијата воедно е и најава на настанот „Заедно против хомофобијата и трансфобијата“ кој ќе се одржи на 18ти мај (недела) на Школка, Градски парк од 12.00 до 16.00 часот.

Дојди, заедно да кажеме НЕ на хомофобијата и трансфобијата. Солидаризирај се!
ПОИНАКОВ СВЕТ Е ВОЗМОЖЕН!

 

Преземено од ЛГБТИ мрежа