Британски епископ го критикуваше суровиот третман на геј луѓето од страна на црквата

Британски епископ го критикуваше суровиот третман на геј луѓето од страна на црквата

Минатата недела Епископот на Глоучестер зборуваше за третманот на ЛГБТ луѓето од страна на црквата, се извини за нејзиното отфрлање на овие луѓе и побара црквата да биде попрфатлива.

 

За време на неговиот говор, пречесниот Мајкл Перхам побара „милостива воздржаност“ од страна на црката откако таа одби многу ЛГБТ Христијани поради нејзиниот негативен став за истополвите бракови.

 

„Таму сме каде што сме. Истополовите бракови се реалност. Тие набрзо ќе станат дел од нашето општество“- рече Перхам .

 

„За време на викендот кога се случија првите венчавки од овој вид и јас сакав да славам со славеницте, признавајќи колку тоа за нив претставува прекрасен момент, и да плачам со оние коишто плачеа, признавајќи колку длабоко веруваат дека со тоа се потценува бракот“ – изјави Перхам.

 

Во соопштнието на Домот на епископите од минатиот јануари, во време во кое се случуваа првите истополови венчавки беше нагласено дека треба да се има свест дека некои геј и лезбејски Хрстијани ќе стапат во брак и дека црквата ќе продолжи да ги почестува и да ги прфаќа како дело од телото на Христа.

 

Во сооштението исто така беше нагласено дека нема да може да биде проширена слободата на овластените свештеници и дека нема да се дозволи оние кои што спровеле такви церемонии да станат овластени свешетеници на црквата.

 

„Помеѓу свешетениците имаше и такви кои имаат поконзервативни позиции и кои сметаа дека соопштението отишло предалеку во признавањето на истополовиот брак. Но, имаше и такви кои сметаа дека во соопштението непотребно бил искористен суров и негативен тон“ – рече Перхам.

 

Домот на епископите, кој го објави оваа сооштение соочен со одреден притисок, потцени колку таквото сооштение може да биде почуствувано како безкомпромисно и полно со омраза“ – рече Перхам.

 

„Тонот беше груб – немаше насетување дека во црквата се добродојдени сите Божји деца. Жал ми е за тоа и за болката која ова сооштение ја предизвикало. Се обидов да имам пасторски разговори со голем број на луѓе кои беа повредени од ова сооштение. Мојот став е дека во моментот е потребно Црквата да покаже милостива воздржаност. Потребен ни е мирен период во кој ќе ги истражиме проблемите. Моите надежи и молитви се усмерени во тоа да разговорите бидат теолошки, со взаемна почит и сочуство, со свеста дека секој маж и жена, стрејт, геј, лезбејка, бисексуалец и трансродово лице, се направени по сликата на Бог кој безусловно ги сака сите“ – изјави Перхам.

 

Source: Gay Star News