02 May Македонските јавни личности против хомофобијата
Весна Петрушевска, Синоличка Трпкова, Ирена Ристиќ, Борјан Јовановски, Нора Шаќири, Огнен Јанески, Петрит Сарачини, Богдан Илиевски (Бетмен велит), Дарко Лешоски, Маја Вукичевиќ, Владимир Блажев (ди-џеј Панчо Шорти) и Рената Кралевска застанаа во поддршка на ЛГБТ заедницата и порачаа НЕ на хомофобијата и трансфобијата.
Јавната и медиумската кампања „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“ е проектна активност на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата, која има за цел да го поттикне граѓанскиот ЛГБТИ активизам и учество во борбата против хомофобијата и трансфобијата, да ја зголеми солидарноста и поддршката на ЛГБТИ лицата во борбата за нивните права, и да ги мобилизира медиумите, граѓанските здруженија и граѓанското општество во пошироката кампања за човекови права.
На 3-ти мај ќе бидат поставени билбордите во главниот град Скопје и ќе се лансираат и останатите содржини од оваа кампања кои ќе бидат достапни на пошироката публика за споделување на социјалните мрежи и нејзино вклучување во ширењето на пораката.
Освен билбодри поставен во главниот град Скопје, кампањата ќе се спроведува и на социјалните мрежи, пропратена со бројни настани како јавни акции и дебати. Поддржете ја кампањата преку споделување на социјалните мрежи и учество во нашите активности. За таа цел следете ја веб страницата http://www.lgbtimreza.org/ или контактирајте не info@lgbtimreza.org.