Влошена положбата на ЛГБТ луѓето во Русија, Крим и Украина

Влошена положбата на ЛГБТ луѓето во Русија, Крим и Украина

Кримската криза доведе до зголемени тензии за ЛГБТ луѓето во Украина, територијата Крим и Русија.

 

Русија и Крим

 

По припојувањето на Крим во Русија, лезбејките, геј лицата, бисексуалците и трансродовите лица станаа субјекти на рускиот „анти-пропаганда“ закон. Во применувањето на законот, властите во Севастопол ја забранија геј парадата која требаше да се одржи на 22 и 23 април.

 

Витали Миланов, членот на собранието во Сакт Петерзбург и ко автор на „антипропаганда законот во овој град, повика на понатамошни мерки за „итребување на експериметалното практикување на содомијата“.

 

Тој предложи прогон на ЛГБТ организациите и клубовите, воспоставување на „моралана полиција“ и ограничување на употребата на социјалните медиуми за ЛГБТ намени.

 

Улирике Луначек, европратеничка, ко-преседател на ЛГБТ интергрупата и членка на Комитетот за надворешни работи, реагираше: „ Ширењето на овие „анти-пропаганда“ закони и повиците за дискриминаторски рестрикции се навистина загрижувачки. Овие закони се опасен тренд на заплашување и предизвикување омраза со кои погрешно се смета дека е во ред да се ограничат правата на група на луѓе која не им се допаѓа. ЕУ и Советот на Европа мораат да ги притиснат руските власти“.

 

Украина

 

Во меѓувреме украинската влада го повлече законот со кој требаше да се забрани дискрминацијата на работното место, за да предложи ист таков закон во кој сексуалната ориентација не е наведена како основа за дискриминација.

 

Во извештајот на Европската комисија од ноември 2013 се повторува дека антидискриминациските мерки, вклучувајчи ја и сексуалната ориентација, се услов за либерализација на визниот режим со ЕУ.

 

Во неодамнешен извештај на украинската ЛГБТ организација „Наш мир центар“ е наведено дека хомофобијата, трансфобијата и насилството врз ЛГБТ луѓето се сè уште сеприсутни во Украина.

 

Клод Мораес, европратеник, известувач за Украина и член на ЛГБТ Интергрупата, регираше:

„Навистина е загрижувачки што владата на Украина е неволна да усвои закон со кој ќе се осигура заштитата од дисриминација на работното место за сите граѓани. ЛГБТ луѓето сè уште се соочуваат со дискриминација на секое јавно поле и јасно им е потребна правна заштита“.

 

Позицијата на Европскиот парламент секогаш била јасна за ова прашање. Либерализацијата на визниот режим оди рака под рака со усвојувањето на законот за антидискриминација кој ќе ја вклучува и сексуалната ориентација.

 

Извор: lgbt-ep