Поставено знаме со бои на виножитото на највисокиот врв во Уганда

Поставено знаме со бои на виножитото на највисокиот врв во Уганда

Активист од Калифорнија, САД, буквално ја крена ЛГБТ гордоста во Уганда на нови височини.

 

Нил Готлиб постави знаме со боите на винижитото на највисокиот врв во Уганда во знак на протест на неодамнешното усвојување на анти-геј закон во оваа земја сопред кој ЛГБТ луѓето ќе бидат праќани во затвор и со кој се криминализира таканаречената промоција на хомосексуалноста.

 

Минатата среда Готлиб, кој бил волотенер од мировните сили и кој дипломирал на универзитетот Корнел, објави слика од овој гест на својот Фејсбук профил, но и сподели писмо кое го пратил до претседателот на Уганда, Јовери Мусевини.

 

„На 16 април, 2014, по шестдневно искачување, го освоив највисиокит врв во Уганда, Маунт Стенли, кој се наоѓа на висина од шестнаесет илјади стапки и на него поставив знаме во знак на протест против криминализацијата на хомосексуалноста во вашата земја“ – напишал Готлиб.

 

„Во моменетов, највисиок врв во вашата земја не е врв на планина, туку знаме кое со кое се слави геј гордоста кое блеска одозгора во знак на протест и надеж во името на илјадници жители на Уганда кои вие ги угнетувате, но и во името на многу други луѓе кои ја разбираат штетната страна на вашиот репресивен закон“ – смета тој.

 

Откако го повикал претседателот на Уганда да размисли за импликациите на овој драконски закон, Готлиб го предизвикал шеесет и девет годишниот претседател кој е на оваа функција уште од осамостојувањето на оваа земја во 1986, самиот да се искачи на врвот и да го отстрани знамето.

 

„Доколку не ви се допаѓа оваа знаме, ве повикувам да се искачите самиот и да го отстраните“ – пишува Готлиб.

 

„Меѓутоа, вие сте стар човек и секако шестдневоното искачување низ тежок и калив предел до глечерите на планината е над вашите физички способности. Вашото време е ограничено. Дали сакате вашите последни денови да бидат уште една флека во историјата на нацијата или ќе најдете сила да го промените својот правец да делување и да им дозволите на жителите на Уганда да бидат слободни?“ – напишал Готлиб во писмото.

 

Извор: Advocate