16 Apr Зголемен бројот на насилства извршени врз француските сексуални работнички
Откако во Франција започна дебатата за законот за криминализација на клиентите, се случија голем број на насилни напади врз сексуалните работници/чки во оваа земја, минатиот понеделник соопшти синдикатот на сексуалните работници/чки Страс по повод убиството на една кинеска сексуална работничка кое се случи во Париз на почетокот на април.
Во ноќта помеѓу 31 Март и 1 април од страна на еден клиент со нож беше убиена кинеска сексуална работничка во еден стан во Париз.
„Нејзиниот убиец бил познат како проблематичен клиент кога таа би го одбила да го услужи доколку би била во можност. Но, таа не можела да работи неколку дена затоа што во тој период имало постојани полициски операции врз кинески жени поради што таа не можела да ги проверува и бира своите клинети“ – соопшти синдикатот.
„Безбедноста на сексуалните работници/чки е загрозена откако започна медиумската кампања за законот за криминализирање на клиентите. Со усвојувањето на овој закон од страна на националниот парламент веќе е забележано зголемување на бројот на насилни напади врз сексуални работници“ – соопшти синдикатот.
За време на нападот, колешките на жената слушнале гласни врисоци, но се плашеле да викнат полиција затоа што не поседувале документи. Нивната недоверба во полицијата е директна последица на интезивното полициско малтретирање на кое веќе неколку месеци се изложени кинеските сексуални работнички, смета Страс.
Со законите со кои проституцијата се смета за насилство, активност која е на работ на легалноста, со желбата да се владее преку репресивни закони, мигратите кои работат во секс индусријата се одбележуваат како идеални мети за насилниците кое сметаат дека е во ред да се напаѓаат луѓето кои немаат никакви права, сметаат од Страс.
Извор: The Real Porn Wiki Leaks