13 Apr Киргистан ги уназадува ЛГБТ правата
Поранешните советски држави Киргистан и Грузија беа критикувани од страна на Хјуман Рајтс Воч и ИЛГА Европа поради уназадувањето на ЛГБТ правата во овие две земји.
Односот на Киргистан кон човековите права претставува предмет на јавна анализа за време на дијалогот за човекови права помеѓу оваа земја и Европската Унија. Истото го прави и Парламетарното Собрание на Советот на Европа кое треба да одлучи дали на Киргистан ќе му го додели статусот „партнерство за демократија“.
Во изминатите месеци, властите во оваа земја истапија со хомофобична реторика и предложија закон со кој ќе се криминализира дисеминацијата на информации за хомосексуалноста или за какви било лезбејски, геј, бисексуални и трансродови теми, односно т.н. „хомосексуална пропаганда“, сличен како оние во Русија и Украина.
Од почетокот на мај во неколу централни локации во Киргистан ќе бидат забранети мирни протести, а властите не преземаа никави мерки по случајот во кој беа малтретирени ЛГБТ активисти. Настан по кој еден од нив мораше да ја напушти земјата уплашен за својата безбедност.
Неодамна во градот Ош, северен Киргистан, група на провкатори малтретираше група на преставници на американската организација Фридом Хаус. Кога тимот на Фридом Хаус патуваше во Ош за да разговара за прашања во врска со човековите права, толпа од скоро триесет луѓе се собрала пред хотелот каде што тимот престојувал, а неколку од нив држеле постери со анти-ЛГБТ слогани и ги нарекувале активистите „перверзњаци“.
Извор: sosogay.co.uk