Геј тинејџер од Уганда си го одзема животот поради антигеј законот

Геј тинејџер од Уганда си го одзема животот поради антигеј законот

Еден тинејџер од Уганда изврши самоубиство поради хомофобичниот закон. Пред еден месец момчето се предозирало од апчиња и проголтало отров за глувци. Изминатите неколку недели тој не покажуваше знаци на закрепнување и често ја повраќаше и ја губеше свестта. Во периодот пред неговата смрт, тој исто така ја загуби и способоноста да зборува.

 

Минатиот четврток момчето беше прогласено за мртво. Тој имаше само седумнаесет години.

 

Пепе Јулиан Онзиема, ЛГТБИ активист од Уганда, изјави дека момчето било син на родители муслимани кои сметале дека хомосексуалците се „доказ за самиот грев“ и дека тие „не претставуваат луѓе“.

 

„Ова е психолошкиот ефект на анти-геј законот кој најмногу влијае врз младите луѓе“- смета Онзиема.

 

Со законот против хомосексуалноста, кој беше усвоен минатиот февруари, хомосексуалноста се казнува со доживотен затвор. Промовирањето на ЛГБТ правата и одбивањето да се пријават геј лица се исто така строго казниви.

 

Активистите кои што се борат за ЛГБТ правата во Уганда велат дека слушнале за најмалку седумнаесет случаи на ЛГБТ лица кои се обиделе да си ги одземат животите поради законот. Не е познато колкумина од нив успеале во својата намера.

 

Онзиема ги повика ЛГБТИ лицата од Уганда да бидат претпазливи и да бараат помош кога и да можат. Како место на кои моѓат да побараат помош тој ги наведе социјалните медиуми.

 

„Ме прави тажен тоа што мојата заедица е небезбедна. Ова е направено со намера“ – вели тој. „Тоа како да стоите на работ на автопат и некој да ве турка во правецот на кола која што се приближува со огромна брзина. Токму тоа ни го направи претседателот на Уганда“.

 

Извор: Gay Star News