Со забраната на геј бракот непотребно се измачуваат луѓето, смета уругвајскиот претседател

Со забраната на геј бракот непотребно се измачуваат луѓето, смета уругвајскиот претседател

Доколку уругвајскиот претседател беше дел од насловните страни низ целиот свет поради тоа што го легализираше регулираното произвотство и продажбата на марихуана, во изминативе две години Мухика предничи и во легализацијата на абортусот и геј бракот.

 

Во интервју за бразилската новинска агенција О Глобо кое беше објавено минатата недела, Мухика ја објасни логиката на неговата администрација.

 

„Употребивме многу едноставен прицип: Ги уочивме фактите“ – изјавил Мухика, пренесува О Глобо. „Геј бракот, ве молам, па тој е постар од целиот свет. Го имавме Јулиј Цезар, Александар Македонски, ве молам. Да кажете дека тоа е модерно, абе ајде, постаро е од нас. Тоа е објективната реалност во која ние живееме. За нас, доколку не го легализираме непотребно ќе ги измачуваме луѓето“.

 

Уругвај стана третата земја од западната хемисфера, по Канада и Аргентина, која го легализира геј бракот минатата година. Реформата, која беше поддржана од страна на левичарскиот Широк Фронт на Мухика, создаде еден сет на правила за сите парови, заменувајќи ги зборовите „сопруг и сопруга“ со “странки кое стапуваат во договор“, пренесува Асосиејтед прес.

 

Според уругвајскиот закон, сите парови можат да посвојуваат деца.

 

Мухика го привлече вниманието на меѓународната јавност и преку неговите пионерски рефори и преку неговиот скормен живот. Поранешниот герилец кој проведе четиринаесет години во затвор за време на воената диктатура во Уругвај донира деведесет проценти од својата плата во доброворни цели и живее на фарма во близина на главниот град Монтевидео со неговата жена и кучето со три нозе Мануела.

 

Неговите поддржувачи го номинраа за Нобеловата награда за мир, посочувајќи на одлуката за легализација на трговијата со марихуана, потег за кој Мухика кажа дека цели кон одзимање на моќта на наркокартелите.

 

Извор: Huffington Post