Реадакција на неделен весник „Глобус“

Реадакција на неделен весник „Глобус“




Предмет: Реакција во врска со написот „Кондомите предизвикуваат рак на дојката!?“, број 162, од 25.5.2010, потпишан од Наташа Црвенковска

Со ова писмо поднесуваме остра реакција во врска со написот „Кондомите предизвикуваат рак на дојката!?“, број 162, од 25.5.2010, потпишан од Наташа Црвенковска објавен на насловната страна.

Го поздравуваме изборот на вашата редакција да покрие тема од областа на сексуално и репродуктивното здравје, со цел да се подигне свеста за ракот на дојката и да ја стимулира употребата на орална контрацепција. Сепак со ексклузивното и сензационално истакнувањето на ставовите на д-р Ѓоргов „Глобус“ испраќа целосно грешна и опасна порака.

Во земја во која:

само 34,4% од младите користеле кондом при својот последен сексуален однос[1]

младите немаат соодветен пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје

не постојат соодветни информации за првиот сексуален однос и начините за заштита од сексуално преносливите инфекции во образовниот систем

– превладуваат предрасудите дека македонската нација е здрава и дека сите инфекции асоцирани со сексуалноста доаѓаат од странство

1,6 од девојките на возраст од 15 до 19 години користат орална контрацепција
[2]

речиси не постојат квалитетни бесплатни кондоми

испраќате порака со која што го практично ја сатанизирате употребата на кондомот и со тоа учествувате во поттикнување на трендот на ризично сексуално однесување.






Без длабоко да навлеземе во деценискиот стручен галиматијас на д-р Ѓоргов и незнајните истражувања час од Америка, час од Франција и Русија, според кој покрај ракот на дојката, употребата на кондомот е причина и за анорексија, а ХПВ е предизвикан и од генерална нечистотија, ние ви ги изложуваме следниве податоци:

не постојат докази за краткорочни или долгорочни лоши здравствени ефекти од употребата на кондомот

не постојат научни докази дека кондомот предизвикува рак, напротив тој штити од сексуално преносливите инфекции кои се главни причинители за рак на грлото на матката и неплодноста

– единствената научно докажана последица од употребата на кондомот може да биде алергиска реакција на латекс

– според Светската здравствена организација најефикасен начин на превенција од сексуално преносливи инфекции (вклучувајќи и ХИВ) и непланирана бременост е истовременото користење и на кондом и на орална контрацепција познат како концепт на двојна заштита

– подигањето на свеста за употреба на кондом е дел од националната Стратегијата за ХИВ/СИДА  на Македонија, како и дел од повеќегодишните програми на Министерството за здравство и граѓанските организации во рамки на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА

Затоа бараме овие информации да станат достапни на вашата публика и во исто време вашата реакција да се дистанцира од пораката ИЗБЕГНУВАЈТЕ КОНДОМИ.


[1] Извештај од био-бихевиоралната студија кај млади и популации во најголем ризик за ХИВ инфекција во Република Македонија, 2006, Министерство за здравтво и Републички завод за здравствена заштита

[2] International Centre for Reproductive health (2005) Access of High School Students to Sexual and Reproductive Health Services in Four Capital Cities of Balkan , A Cross –Sectional Survey