Во Берлин ќе бидат инагурирани гробишта на кои исклучиво ќе почиваат лезбејки

Во Берлин ќе бидат инагурирани гробишта на кои исклучиво ќе почиваат лезбејки

Берлин – Следниот викенд во Берлин ќе биде инагурирано место за закоп кое ќе биде резервирано само за лезбејки. Местото претставува дел од гробишта стари два века во главниот град на Германија.

 

„Просторот од четиристотини квадратни метри на гробишта кои биле отворени во 1814 година во централен Берлин ќе биде резервиран како место за закоп на најмногу осумдесет лезбејки“, изјави Уса Закау, порпаролка на асоцијацијата Сафиа која претставува национална група која се грижи за лезбејките во поодминати години.

 

Асоцијацијата соопшти дека просторот ќе биде инагуриран следната недела како место „каде ќе се поврзат животот и смртта, ќе се развијат посебни форми на погребна култура и каде лезбејската заедница ќе може да го живее својот задгробен живот“.

 

Просторот и беше даден на асоцијацијата на користење во период од триесет години, а за возврат тие ќе мораат да го одржуваат и уредуваат. Во Германија престставува пракса погребните места да се издаваат под долготрајни и обновливи закупи, наместо тие да се купуваат.

 

„Ние немаме пари за крија, а моравме да инвестраме доста пари за да го преобразиме тој дел од гробиштата во достојно место за погреб“ – изјави Закау минатиот вторник .

 

Другите делови на овие лутерански гробишта, кои се наоѓаат во близина на Александарплац, повеќе не се употребуваат. Старите надгробни плочи се обраснати со треви.

 

Порпаролот на берлинската Лутеранска црква изјави дека договорот со женската група преставува дел „од напорите за заживување на гробиштата преку соработка со други групи“.

 

„Исто така водиме преговори со муслимански групи за да видиме дали тие имаат свои планови за нашите гробишта“ – изјави Фолкер Јастрзембски.

 

Берлиската лезбејска и геј асоцијација ја поздрави идејата за отварање на лејзбески гробишта.

 

„Тие ја зголемуваат разноличноста и претставуваат добра можност за оние лезбејки кои сакаат да бидат закопани во близина на други лезбејки“ – рече порпаролот Јоерг Штеинерт.

 

Извор: LGBTQ nation