28 Mar Прва ослoбодителна пресуда за одгледување на медицинска марихуана во Бугарија, пренесува Академик
Според веста преземена од порталот news.bg, во Бугарија е донесена првата ослободителна пресуда за лице кое било обвинето за поседување и одгледување на медицинска марихуана.
Станува збор за Марин Калчев кој бил обвинет дека засадил и одгледал две растенија коноп кои ги користел за да ги олесни симптомите на болеста од која страдал – мултиплекс склероза.
„Судот наредил експертизa за да се докаже влијанието од лекувањето и всушност тие аргументи биле пресудни за одредувањето на ослободителната пресуда“ – пренесува Академик.
„Во овој случај се намалува чувството на замор и вкочанетост при физичко оптоварување, а има влијание позитивно и на општата здравствена состојба“, изјавиле екпретите по извршените анализи кои покажале дека употребата на марихуана за медицински цели ги намалува симптомите на мултиплекс склероза.
„Инетересно е што овој случај е судски преседан за Бугарија, но постои изгледна веројатност одлуката на судот да биде основа при разгледањето и одлучувањето на други слични случаи во иднина“ – се вели во текстот објавен на Академик,
Извор: Akademik