Декриминализирајте ги корисниците на дрога, порачува демократката Џулиет Кајем

Декриминализирајте ги корисниците на дрога, порачува демократката Џулиет Кајем

Бостон – Минатата среда една од кандидатите за гувернерската позиција во американскта сојузна држава Масачусетс од редовите на Демократската партија, Џилиет Кајем, изјави дека ќе се заложи за декриминализација на дрогите со цел да им помогне да корисниците да добијат третман наместо да ги полнат затворите.

 

Кајем, која е една од петте Демократи кои се борат за кандидатурата за гувернер, се повика на анкетата спорведена меѓу гласачите од Масачусетс од 2008-та во која мнозиството од нив одговориле дека се за декриминализација на поседувањето на една унца марихуана, со тоа што престапниците би биле казнувани со парична казна од сто долари.

 

„Казната од сто долари е прфитлива со оглед на предизвиците со кои се соочуваме“ – изјавила таа.
Кајем изјавила дека доколку биде избрана за гувернерка, таа ќе се фокусира на поинаков третман на ненасилните корисници на кокаин, велејќи дека тие најчесто повеќе си наштетуваат на себе си отколку на некој друг.

 

На прашањето дали таа ја подджува декриминализацијата на кокаин, таа не одговорила потврдно.

 

„Не, тоа се дроги кои би биле дозволиви во посебните судови за дрога кои им помагаат на луѓето да дојдат до третман наместо да служат затворкса казна“- изјавила таа.

 

Но кога била запрашана дали би поддржала декриминализација на останатите дроги покрај марихуаната, таа изјавила: „Дефинитивно би имала слух за тоа“.

 

Кајем одбила да посочи листа на дроги за кои би се заложила да се декриминализираат.

 

„Тоа ќе го сториме на овој начин, ќе започнеме да мислиме креативно за тоа зошто ги затвораме луѓето и губиме цели генерации поради лоши пресуди“ – рекла таа.

 

Уште еден демократски кандидат за гувернер, Џо Авелоне, изјавил дека доколку биде избран за гувернер, тој ќе формира Канцеларија за опоравување која ќе биде под раководство на Извршната канцеларија за здравство и човечки сервиси и ќе го зголеми бројот на судовите за дрога.

 

Авалоне рекол дека е поефикасно и поевтино луѓето да се ипраќаат на третман преку суд за дрога, отколку да бидат испраќани во затвор.

 

Извор: WCVB