Европратениците ги осудуваат изјавите на кипарскиот Архиепископ

Европратениците ги осудуваат изјавите на кипарскиот Архиепископ

На советот на челниците на Православната Христијанска Црква кој се одржа минатата недела, кипарксиот Архиепископ Крисостомос ги повика сите христијански цркви да ја „осудат хомосексуалноста“.

 

Архиепископот изјавил дека владите покажуваат „ослабен морален интегритет“ со овозможувањето на еднакви права преку дозволувањето на граѓански партнерства и брачна еднаквост.

 

Следниот април кипарската влада планира да предложи закон за граѓански партнерства во кипарскиот парламент.

 

Локалната ЛГБТ организација ACCEPT го осуди говорот на архиепископот, соопштувајќи дека „екскомуникацијата и отуѓувањето не се вистискиот начин на кој се промовира Божјата порака“.

 

Имајќи исти позиции со ACCEPT, кипарскиот член на ЛГБТ интергрупата Андреас Питсилдес, реагираше: „По не знам кој пат, како човек, теолог и член на европскиот парламент, јавно ги осудувам расистичките и хомофобични изјави на кипарскиот Архиепископ“.

 

„Јас тврдам дека овие изјави одат наспроти духот на исусовото евангелие и со сигурност ги прекршуваат сите европски и меѓународни акти со кои се заштитуваат човековите права од каква било форма на диксриминација врз основа на раса, род, религија или сексуална ориентација.

 

Улрике Луначек, европратеничка и копретседателка на ЛГБТ Интергрупата, додаде: „Изјавите на Архиепискотот се потсетник дека противниците на еднаквоста се сè уште присутни, но исто така покажуваат дека Кипарската Православна Црква изгубила контакт со реалноста. Едно неодамнешно истражување покажа дека мнозинствовто од кипарксите граѓани се за увојување на закон за граѓански партнерства. Владата го прави вистинскиот потег со овозможување на еднакви права за сите.

 

Извор: LGBT-EP