21 Mar Корисниците на дрога планираат да избегаат од Крим откако Русија ги блокираше програмите за намалување на штети
Владата на Крим поддржана од Русија формално прогласи независност од Украина и побара да се приклучи кон Русија. Според Меѓународната мрежа на лица кои користат дроги (ИНПУД), корисницие на дрога во Крим се во паника.
Во своето соопштение, ИНПУД предупредува дека руската воена окупација предизвикува големи здравствени ризици кај корисниците на опиоиди, затоа што новите пратки на супституциона терапија од Украина, која се состои од метадон и бупренорнфин, е блокирана од страна на руските трупи.
Постоечките клиники сооштија дека имаат набавки доволни само за неколку недели. Една клиника веќе се соочува со намалена посета на пациенти.
„Поради тоа што автопатишита кои водат до Крим се блокирани од вооружени мажи, медицинските набавки е новозможно да поминат“ – соопшти Алијанса Украина.
Украина има прогресивна европска здравствена политика за намалување на штети со голем број на клиники кои нудат супституциона терапија и размена на прибор. Алијанска Украина, националната ХИВ/СИДА група за застапување работи заедно со минисерството за здравство во промоцијата на сервиси кои се основаат на докази (иако тие се сметаат за контроверзни во конзервативниот Крим). За разлика од Ураина, Русија продолжува да применува терапија која се основа на апситинецијален третман, додека пак размената на игли се толерира, но фондовите се ограничени.
Веројатно е дека со затворањето на овие сервиси во Крим, осумстотината корисници на дроги во овој регион ќе се соочат со очајна иднина, вклучувајчи повторна употреба на хероин, предозирања, ХИВ и Хепетит Ц инфекции и затворски казни. Според ИНПУД, Некои од нив веќе планираат да избегаат од Крим. Останатите се спремаат за најлошото.
„Корисниците на дроги најверојатно ќе бидат првите бегалци од Крим, а доколку не можат да заминат, ќе се соочат со кршење на нивните човекови права и влошување на нивното здравје“ – соошти ИНПУД.
ИНПУД ја повикува Светската Здравствена Оранизација и УНАИДС, кои одамна го прогласија делењето на чист прибор и супституционата терапија за „есенцијални лекови“, a нивното одрекување го нарекоа прекршување на човековите права, да дадат јавни сооштенија во кои од Русија бараат да се дозволи продолжување на овие програми во Крим.
Сите знаат дека Владимир Путин нема да го предомислат со јавни соопштенија. Но ИНПУД предупреди дека тоа е само првиот чекор кон објавувањето на потенцијалната катастрофа со која корисниците на дроги, кои типично се игнорирани, се соочуваат. Дали моќна алијанса од меѓународни агенции и организации за застапување можат да се обединат во името на на осумстотини корисници на дрога од Крим кои се наоѓаат во лоша позиција, останува на времето да покаже.
Извор: Substance