25 Oct Данска ги легализира хомосексуалните бракови
Данска во 2012 година ќе ги легализира браковите на хомосексуалните двојки,овозможувајќи им граѓански и црковни венчавки, пренесуваат данските медиуми.
Данскиот министер за црква Ману Сарен изјавил дека хомосексуалните жени и мажи би требало да добијат дозвола за венчавка наредната пролет, кога ќе се исполнат законските процедури.
Министерот додал дека има многу пријатели хомосексуалци, кои се сакаат исто како и хетеросексуалците, но проблем е тоа што немаат исти права.
Данска прва, во 1989 година, го легализираше истополовото цивилно партнерство.
извор: Нова македонија – http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1025117798&id=11&setIzdanie=22413