Пиварниците се откажуваат од прославите на Св. Патрик на кои има забрана за учество на геј лица

Пиварниците се откажуваат од прославите на Св. Патрик на кои има забрана за учество на геј лица

Њујорк, САД – Минатата недела два големи призведувачи на пиво го прекинаа спонзорството на прославите на Денот на Св. Патрик во Њујорк и Бостон како знак на протест на забраната за учество за аутирани геј лица.

 

Сем Адамс се откажа од бостонската прослава која требаше да се случи минатата недела, а Хајнекен од њујоршката која беше закажана за минатиот понеделник. И на двете прослави се дозволува учество на геј групи, но се забрануваат какви било обележја на сексуалнaта ориентација.

 

Сем Адамс објави соопштение откако наиде на протест од страна на Клуб Кафе, бостонски бар познат меѓу геј заедницата. Барот на Фејсбук се закани дека ќе престане да го точи пивото Сен Адамс, доколку компанијата не го повлече своето спонзорство.

 

„Се надевме дека двете страни инволвирани во овој проблем ќе можат да постигнат договор со кој ќе му се овозможи на секој без разлика на сексуалната ориентација да присуствува на прославата“ – изјави Џесика Пар, портпаролка на Бостонската пивница која го произведува пивото Сен Адамс: „Но, со оглед на сегашниот статус на преговорите, сфативме дека ова не е можно“.

 

Геј активистите ја поздравија одлуката на Хајнекен.

 

„Хајнекен испрати добра порака до ЛГБТ младината, конзументите и вработените кои сакаат да бидат дел од прославата“ – изјави Сара Кејт Елис, претседателка на групата ГЛААД која се бори за ЛГБТ правата.

 

Минатиот петок претставник на Хајнекен изјави: „Веруваме во еднаквоста на сите. Ние повеќе не ја спонзорираме парадата која треба да се оддржи во понеделник“.

 

Минатиот февруари, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави дека оваа година нема да да учествува прославата во знак на поддршка кон ЛГБТ заедницата. Бостонскиот градоначалник Мартин Волш исто така се обрза дека нема да присуствува на прославата доколку на ЛГБТ групите не им биде дозволено јавно да маршираат.

 

Извор: Reuters