13 Mar Европскиот Парламент бара санкции за Уганда и Нигерија
Вчера Европскиот Парламент усвои резолуција со која се осудуваат новите закони за прогон на ЛГБТ луѓето во Нигерија и Уганда. Во резолуцијата се повикуваат Европската Комисија и земјите членки на ЕУ да преземат итни акции во полето на политичката соработка, помош и азил.
Минатиот декември Нигерија го усвои законот за забрана на истополовите закони. Минатиот јануари претседателот на Уганда го потпиша Анти-хомосексуалниот акт 2014. Со двата закони се предвидуаваат сурови казни за луѓето кои што „ќе сторат хомосекуален акт“. Во Уганда се предвидува доживотен затвор, а во Нигерија четиринаесет годишна затворска казна.
Законите се однесуваат и на оние кои сакаат да посетуваат геј-френдли барови, да посетуваат на состаноци на НВО-а за заштита на човековите права или пак да добијат информации за ХИВ/СИДА.
Со оваа резолуција, Парламетот бара од Комисјата и од земјите членки да го заострат дијалогот за човековите права со Уганда и Нигерија, реферирајќи на Котону договорот со кој се организирани политичките односи помеѓу Европската Унија и седумдест и девет африкански, карибски и пацифички држави.
Дијалогот со Уганда е закажан на 28 март. Доколку не донесе задоволувачки резултати, Европратениците ќе побараат од Комисијата да ги суспендира Уганда и Нигерија од Котону договорот.
Со резолуцијата исто така се бара да се пренасочи помошта од владите кон граѓанките организации.
Парламентот исто така сугерираше земјите членки да ја разгледаат можноста да воведат забрани за патување и издавање на визи за политичките лидери кои се одговорни за усвојувањето на законите.
Мајкл Кешман, пратеник во ЕП, ко-претседател на ЛГБТ Интергрупата и известувач за втората ревизија на Котону договорот, реагираше: „По петнаесет години на односите помеѓу ЕУ и АКП земјите, мораме да признаеме дека Котону договорот е неуспешен кога се во прашање човековите права. Ние вреуваме дека е крајно време да се преземе следниот чекор и да размислиме да ги суспендираме Нигерија и Уганда од политичкиот дијалог помеѓу ЕУ и АКП.
Улрике Луначек, пратеничка во ЕП и копретседател на ЛГБТ Интергрупата, додаде: „Овие закони го загрознуваат најосновното од сите права- правото на живот. Знаеме дека тие досега допринеле за смртта на неколку луѓе. ЛГБТ луѓето во Уганда и Нигерија сега постојано живеат во страв само поради тоа што се и ние знаеме дека хомосексуалноста не е „неафричка“ како што некои тврдат. Таа постоела и ќе постои во сите општества.
ЕУ мора да завземе строг став против владите и лидерите кои стојат позади овие закони, а во исто време да се солидаризира со граѓаните на овие земји“.
Извор: LGBT-EP