11 Mar Сексуалнaта работа не е ништо повеќе од работа. Третирајте ја на тој начин.
Автор: Елизабет Ренцети Замислете случај во кој млада жена ќе го обвини нејзиниот шеф дека сексуално ја малтретира. Тој дал несоодветни коментари за нејзиното тело и кажал дека сите нејзини колеги имале секс со неа. „Повеќето девојки би направиле сè за мене“ – и рекол тој. Вработената се чувствува деградирано и запалшено, и има проблеми со јадењето и спиењето.
Тоа изгледа како прилично јасен случај. Е, сега замислете жена која е сексуална работничка и нејзниот шеф кој ја малтретира е вушност менаџерот на борделот во кој таа работи. Дали тоа ќе го смени вашето мислење за нејзиното обвинување? Не би требало. Минатата недела во Велингтон, Нов Зеланд, на анонимна сексуална работничка и беа доделени дваесет и пет илјади долари откако судот одлучил дека менаџерот на нејзиниот бордел го прекршил националниот Акт за човекови права и „ја понижил, и предизвикал губење на достоинството и и ги повредил чувствата“. Со други зборови, тие ја третирале како работничка, како да таа работела како келенрка или секретарка, и била злоупотребувана од страна на менаџер на бар или судија. Таа ги имала истите права како и која било друга личност која го продава својот труд во капиталистичкото општество.http://coalition.org.mk/wp-admin/admin.php?page=wp-polls/polls-add.php
Но, ова не е начинот на кој вообичаено гледеме на сексуалната рабоота. На неа најчесто гледаме морализирајќи и осудувајќи со што сме спречени да дојдеме со срцевината на проблемот: Како да овозможиме безбедна и регулирана рамка во која што продавачите и купувачите на еден производ можат да се среќаваат и на мир да прават размена и во која што ниту една странка не е оштетена. Имајте на ум дека во САД можете легално да си ја продадете својата плазма, но не и задоволствата на своето тело (освен во Невада, каде што можете да ги направите и двете). Чудно е што оние кои што се залагаат таканаречен „слободен пазар“ имаат викторијанска скромност кога зборуваат за продавањето на секс. „Веруваме дека проституцијата е интристично деградирачка и штетна за ранливите личности, особено жените“ и изјави министерот за правда Питер МекКеј минатиот јануари – „ние имаме намера да ги заштитме жените и целото општество од експлотација и злоупотреба“.
Федернлата влада подготвува нов закон за сексуалната работа откако Врховиот суд ги укина законите поврзани со сексуаланта работа и забраната на борделите. Изгледа дека владата го разгледува таканаречениот Нордиски модел, кој за првпат беше воведен во Шведска и според кој сексуалните работници/чки не се казнуваат за разлика од нивните клиенти. (Франција и Британија исто така се угледуваат на Шведска во период во кое ги преработуваат своите закони за проституцијата).
Многу канадски застапници на сексуалните работнички не го одобруваат шведскиот модел велејќи дека тој ја прави нивната работа поопасна поради тоа што нема да можат да работат на отворено и да ги скенираат своите клиенти. „Оваа федерална влада е заинтересирана единствено за својата политичка безбедност и не и е гајле за нашите животи“ – изјави Валери Скот, една од жените кои успешно го оборија федералниот закон.
Меѓутоа во Нов Зеланд целиот бизнис е декриминализиран и се третира токму така – како бизнис. Првиот член од Актот за реформа во проституцијата од 2003 вели дека тој е наменет за да ги заштити човековите права на сексуалните работнички и да ги заштити од експлотација“.
Доколку прифатите дека побарувачката за секс нема магично да изчезне со едно мафтање на стапчето на некој политичар, најдобриот начин да се овозможи безбедноста на сексуалните работници е да се осигураме дека тие ќе работат на отворено, заштитени со закони за човекови права и без срам и страв.
Еден од најпопулрните текстови обвјавени минатата недела на Д’ Глоуб беше есејот со наслов “Без никакви шанси за кариера и голем студентски долг, мислев дека проституцијата е лесен излез“. Неговата авторка Кристин Вилсон пишуваше за позитивните и негативите страни на сексуалната работа велејќи дека има повеќе бенефити отколку недостатоци. На крајот, работата како келнерка за неа била повеќе експлотативна отколку сексуалната работа. Време е федерланата влада да донесе закон кој ќе биде фер.
Извор: The Globe and mail