22 May Соопштение за јавност
Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници денес, 17-ти мај, одржа прес конференција на отворен простор во Паркот на Жената борец веднаш наспроти Собранието на Република Македонија, местото во кое беше изгласан дискриминаторскиот закон за недискриминација. Одржувањето на е мотиварано од Интернационалниот ден против хомофобија –ИДАХО.
Збор на прес конференцијата зедоа: Славчо Димитров, Кординатор на Коалиција за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници, Жарко Трајаноски, Консултант на Коалицијата за човекови права, и Мирјана Најчевска, експерт за човекови права и претседател на Центар за човекови права и разрешување на конфликти
Прес конференцијата беше надополнета со свечено објавување на добитниците на благодарници за посебен придонес во борбата против хомофобијата. Благодарница за посебен придонес во развојот на геј порно естетиката му бесе упатена на Драган Павловик Латас; Пофалница за најнадежен студент во областа на правото на “еротската унија” му беше доделена на Влатко Горчев; Благодарница за посебен придонес во развојот на феминистичката мисла и движење во Македонија и беше упатена на Косана Николиќ-Мазнева, и Благодарница за посебен придонес во враќањето на 19-век-овините принципи во Психијатријата-за Доктор Јован Гинев.
На крајот на прес конференцијата во небото на Скопје беа пуштени 100 балони во боја на виножите како симбол за славење на слободата, различностите и еднаквоста.
Секоја година, на 17-ти мај, Интернационалниот ден против хомофобија и трансфобија, ги потсетува сите грагани во светот дека постои огромна потреба за преземанје на акција. Во повеќе од 80 земји ширум светот, хомосексуалните акти се сеуште нелегални. Во одредени ситуации истите законски се казнуваат и со доживотен затвор. Во седум земји сеуште се применува и смртната казна. Во земјите во кои хомосексуалноста не е нелегална, дискриминацијата и физичките напади се сеуште чести појави. Иако во некои земји може да се забележи значаен прогрес, истиот е под постојана закана. Во Македонија новодонесениот закон за спречување и заштита од дискриминација ја исклучи сексуалната ориентација како експлицитно вброен основ за забрана од дискриминација. Истиот закон во последниве неколку месеци бесе искористен за интензивирање и зачестување на хомофобични искази и дискриминација.
Во прилог ви го доставуваме и линкот од видео обракањето на Претстедателот на Европскиот Парламент, Jerzy Buzek: http://www.ilga-europe.org/media_library/ilga_europe/news_item_files/video_message_from_the_president_of_the_european_parliament_jerzy_buzek