Според извештајот на Стејт Департментот, дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето е еден од главните проблеми поврзани со почитувањето на човековите права

Според извештајот на Стејт Департментот, дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето е еден од главните проблеми поврзани со почитувањето на човековите права

Во извештајот на Бирото за демократија, човекови права и труд при Стејт Департментот на САД кој беше објавен мината недела, социјалната дискриминација врз лезбејките, геј лицата, бисексуалаците и трансродовите лица е наведена во главните проблеми поврзани со човековите права со кои се соочуваат граѓаните во Република Македонија.

 

Слични проблеми кои се наведени во извештајот се рестрикциите на можноста Ромите да ја напуштат земјата, рестрикции до пристапот до азил, насилство врз жени и деца, дискриминација на лица со физички и ментални потешкотии, дискриминација врз Ромите и други етнички малцинства, како и тензиите помеѓу македонската и албанската заедница во земјата.

 

Што се однесува до човековите права на ЛГБТ заедницата во земјата, во извештајот се споменува физичкиот напад врз двајца организатори на Маршот на толеранцијата кој се оддржа во март минатата година.

 

Во делот посветен на социјалните злоупотреби, дискриминација и акти на насилство врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет се вели:

 

„Комисијата за заштита од дискриминација ги разгледа на жалбите поднесени од страна на ЛГБТ заедницата. Во одредени случаи претставници на Владата даваа изјави против ЛГБТ заедницата. Активистите кои се залагаат за правата на ЛГБТ индивидуите забележаа неколку инциденти на социјални предрасуди во форма на физичко насилство, малтретирање и употреба на навредлив јазик од страна на медиуми, но и од страна на Владата.

 

Минатиот март непознати сторители нападнаа двајци активисти за време на Маршот на толеранцијата. До минатиот ноември полицијата се уште не индетификувала осомничени лица. ЛГБТИ Центарот за поддршка со кој раководи Хелсиншкиот комитет на Република Македонија беше вандализиран во два наврати. Во еден од инцидентите една група го нападна центарот со камења и безбол палки додека во него се оддржуваше настан по повод Неделата на гордоста. Еден полицаец беше повреден. Полцијата наводно извршила истрага, но до минатиот ноември не уапсила осомничени лица“

 

Во делот од извештајот насловен „Останати форми на социјално насилство и дискриминација“ се вели дека во земјата се случиле изолирани случаи на дискриминација врз лица кои живеат со ХИВ/СИДА при вработување и при пристап до здравствена нега.

 

Извештајот во целост можете да го прочитате овде.