Ќерката на претседателот на Уганда откри дека е лезбејка

Ќерката на претседателот на Уганда откри дека е лезбејка

Ќерката на претседателот на Уганда Јовери Мусевини призна дека е лезбејка за време на едно радио интревју во Мбарара во Западна Уганда. Таа се одлучила за овој потег во знак на протест против анти-геј законот кој нејзиниот татко го потпиша пред неколку дена.

 

Ќерката на Мусевини Диана Каманту, изјавила дека иако безусловно го сака својот татко, таа не се согласува со анти-геј ставот на Уганда и ќе се бори против него.

 

„Јас сум лезбејка, јас сум хомосексуалка. Тоа го знам уште откога бев млада девојка. Исто така, јас сум христијанка, затоа нема да толерирам каков било закон во оваа, да речеме, демократска нација со кој ќе се промовира омраза кон која било личност само поради нејзината сексуална ориентација“- изјави Камунту.

 

„Сега откако конечно ја открив мојата сексуална ориентација, се ставам себе си во позиција против новиот закон и ќе дозволам други луѓе да одлучат што ќе прават со мене“ – додаде таа.

 

Водителот на радио емисијата Џејмс Касируви бил видно шокиран и не можел да смисли што да каже.

 

Радио емисијата која била емитувана во живо била ненадејно прекината и неколку часа биле емитувани само реклами.

 

Едно од последните случувања во Африка поврзани со ЛГБТ луѓето беше потпишувањето на анти-геј законот од страна на претседателот на Уганда со кој се воведувааат тешки казни за хомосексуални акти, потег кој беше осуден од целиот свет и кој може да ја загрози врската на Уганда со САД и останатите Западни земји.

 

Во моментот ниту радио станицата, ниту канцеларијата на преседателот на Уганда не се достапни за комнетар.

 

Извор: Abriluno