Нов закон во полза на корисниците на дрога

Нов закон во полза на корисниците на дрога

Пекинг – Нов закон, со кој се заштитуваат правата на корисницита на дрога во центрите за принудна рехабилитација, беше усвоен минатиот понеделник во Кина, во пресрет на грижите за спречување на случаи на смрт за време на детоксикацијата.

Новиот закон, кој го предложи Министерството за јавна безбедност и го замени стариот закон од 2000-та, воведува целосна заштита на корисниците на дрога и го подобрува управувањето на центрите за рехабилитација.

Со законот се забранува присилна работа на корисниците на дрога и, доколку имаат желба да работат, нивната здравствена состојба мора да биде земена предвид и нема да можат да работат повеќе од шест часа дневно.

Според законот парите кои ќе ги заработат за време на рехабилитацијата ќе се чуваат на посебна сметка и ќе бидат искористени за бенефит на рехабилитантот, како исплата на плата и подобрување на животните услови.

Се смета дека работата може да им помогне на корисниците на дрога да го пренасочат вниманието и да ја прекинат психолошката зависност од дрога.