28 Feb Објавен мартовскиот број на S-Work
СТАР-СТАР го објави мартовскиот број на магазинот S-Work кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете овде или кликнувајќи на сликата погоре.
Во новиот број на он лајн магазинот S-Work, ви донесуваме :
СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ – ПОРТРЕТИ
– Сексуалните работници во портрети кои прогонуваат откривајќи ја силната реалност на животот во борделите низ Невада.
ЕСКОРТ СЕРВИСОТ ВО СРБИЈА ВО ПОДЕМ
-На некои од српските форуми се дебатираше дека во Србија се случува поплава од машки сексуални работници кои заработуваат повеќе од своите колешки
МАМА ЏОЈС ОД ЏАКАРТА
– Јас сум како мајка, тука сум да ги заштитам моите ранливи деца – признава таа седеејќи под постерот од Мерлин Монро на нејзиниот леопард кревет.
СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО ХРВАТСКА
– Истражувачкиот национален тим според Државниот завод за статистика открива дека во Хрватска на годишно ниво за проституција се трошат околу 300 милиони евра за разни сексуални услуги.
ПЕТИЦИЈА
– Европскиот Парламент на 27-ми февруари 2014 година ќе гласа за или против извештајот насолвен ‘„Проституцијата и сексуалната експлоатација и нивното влијание врз родовата еднаквост‘‘ поднесен од Комитетот за „женски права и родова еднаквост при ЕП (FEMM).