27 Feb Европскиот парламент усвои резолуција со која се криминализира купувањето на секс
Завчера триста четириесет и три пратеници во Европскиот парламент го усвоија извештајот предложен од страна на Мери Ханибол, европратеничка и портпарол за женски прашања во Европа на британската Лабуристичка партија, со кој се предлага усвојување на таканаречениот „нордиски модел“ на сексуалната работа со кој сексуалната работа се легализира, но се криминализира купувањето на сексуални услуги. Околу сто триесет и девет пратеници гласаа против, а сто и пет беа воздржани.
Со усвојувањето на овој извештај се формализира ставот на Европската Унија за сексуалната работа и се става притисок врз земјите-членки за реевалуација на нивите политики кои ја третираат сексуалната работа.
„Денешниот резлутат претставува витален знак од европарламентарците дека не можеме да продолжиме да ја толерираме експлотацијата на жените“ – рече Ханибол.
„Наместо легализација, парламетот усвои подобар модел кој што се практикува во Шведска како средство за борба против проституцијата. Со него се казнуват мажите кои ги третираат телата на жените како производи, без да се криминализираат жените кои работат во секс индустријата“.
„Идејата за проституцијата како најстара професија нè води до тоа да мислиме дека треба да ја прифатиме како животен факт, дека сè што треба да направиме е да ја регулираме подобро. Овој правец на делување нè води до повисоки нивоа на проституција, нормализација на купувањето на секс и поттикнување на нееднаквостите кои ги има во секс индустријата“.
Минатиот јануари пратениците во Европскиот парламент усвоија извештај преложен од страна на Комисијата за женски права при ЕП во кој се велеше дека проститицјата и трговијата со луѓе претставувват серзиозни прекршоци.
Шведска претставува прва земја која во 1999 го криминализира купувањето на секс. Оттогаш нордискиот модел започна да се популаризира во Европа. Норвешка и Исланд беа следните земји кои го усвоија овој модел во 2009, а во 2013 тоа го стори и Франција. Најбитната алтернатива на нордискиот модел е холандскиот модел кој се практикува во Холандија и Германија, кои целосно ја имаат легализирано сексуалната работа.
Извор: Guardian