25 Feb Европарламентарците бараат да се укине политичкиот договор со Уганда поради екстремно опасниот анти-геј закон
Членовите на Европскиот Парламент повикаа на укинување на политичкиот договор со Уганда поради новововедениот анти-геј закон.
Минатиот понеделник претседателот на Уганда Јовери Мусевини го потпиша законот пред очите на политичарите и новинарите во неговата резиденција во Ентебе.
Пoкрај воведувањето на четиринаесет годишна затворска казна за лица кои за првпат ќе го прекршат законот и покрај тоа што ќе се казнуваат оние кои нема да ги пријавуваат геј лицата, со овој закон се криминализираат и ХИВ и здравствените програми кои ги третираат геј луѓето, предупредува УНАИДС.
Мајкл Кешман, пратеник во Европскиот Парламент и копретседател на ЛГБТ Интергрупата исто така регираше, изјавувајќи: „Згрозен сум од прифаќањето на овој закон со кој се прекршува основното право на сите луѓе – правото на живот. Ги повикувам земјите членки на ЕУ и Европската Комисија итно да започнат процедура да ја суспеднираат Уганда од АКП-ЕУ Котону договорот врз основа на сериозните прекршувања на човековите права“.
Котону договорот е најнапредниот договор за партнерство помеѓу земји во развој и ЕУ. Уште од 2000-та тој претставува рамка за односот на ЕУ со седумдесет и девет земји од Африка, Карибите и Пацификот.
Олле Шмит, пратеник во Европскиот Парламент, член на заедничкиот парламентарен совет на ЕУ-АКП и член на ЛГБТ Интергрупата додаде: „Овој развој е особено опасен и буквално ги загрозува животите на лезбјеките, геј лицата, бисексуалците и трансродовите луѓе. ЛГБТ луѓето би требало да бидат во можност да живеат без страв од апсење и насилство само поради тоа што се различни. ЕУ и нејзините земји членки треба да ги искористат сета своја моќ за да се изборат за декриминализација и да се осигураат дека ЛГБТ луѓето ќе го имаат правото на азил во ЕУ поради дискриминацијата со која се соочуваат во своите земји“.
Во листата на критичари на законот се наоѓаат и заменикот-премиер на Велика Британија – Ник Клег, секретарот за надворешни работи – Вилијам Хаг, шефицата на надворешната полтика на ЕУ – Баронсата Ештон и американскиот претседател Барак Обама.
Извор: Pink News