Оглас за ангажирање на волонтер/ка

Оглас за ангажирање на волонтер/ка

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на Програмата Сервиси, објавува оглас за ангажирање на волонтер/ка – социјален/а работник/чка за период од два месеци.

Волонтерот/ката која успешно ќе го завршат процесот ќе имаат можност да бидат ангажирани на позиција социјален работник во организацијата.

 

Обврски:

 

– Двомесечна обука за работа со сексуални работници/чки и нивни семејства и лица кои

употребуваат дроги и нивните семества (теорија и пракса),

– Теренска работа во тим и работа во дневен центар под менторство на социјален

работник,

– Придружување, упатување и застапување клиенти во соодветни институции и

организации заедно со социјален работник од ХОПС,

– Контакти со институции/организации во име на клиентите заедно со социјален

работник од ХОПС.

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

 

– Универзитетска диплома за дипломиран социјален работник (или студент/ка во

завршна година на студии),

– Сензитивност и висока мотивираност за работа со маргинализирани заедници,

– Добри комуникациски вештини, подготвеност за тимска работа ,

– Флексибилност и спремност за предизвици.

 

Најдоцна до 24 фебруари 2014 година (понеделник) сите заинтересирани кандидати треба да достават своја работна биографија и мотивационо писмо, по електроски пат на следнава адреса: ivanak@hops.org.mk. Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериум ќе бидат повикани на дополнителен разговор.