Хомофобичните заедници придонесуваат за порана смрт кај ЛГБ лицата

Хомофобичните заедници придонесуваат за порана смрт кај ЛГБ лицата

За геј луѓето, лезбејките и бисексуалците кои живеат во средина во која има високо ниво на хомофобија постои голема веројатност да живеат дванаесет години пократко отколку нивните врсници кои живеат во недискриминирачка средина.

 

Истражувачите од Мејлмен школото за јавно здравство при Универзитетот Колумбија пронајдоа начин да го измерат нивото на дискриминиација во една социјална средина започнувајќи уште од 1988-та. Информациите до кои дошле биле поврзани со нивото на смртни случаи од Националниот индекс на смртност во текот на две декади.

 

Според авторите на студијата, резултатите покажале дека 92 проценти од ЛГБ лицата кои учествувале во истражувањето и кои живееле во средина со ниско ниво на дискриминација се сè уште живи, за разлика од нив, 78 проценти од ЛГБ лицата кои живееле во средина со високо ниво на предрасуди.

 

Смртните случаи во средините со висoко ниво на дискриминација се препишуваат на самоубиства, убиства и кардиоваскуларни заболувања. Исто така, ЛГБ луѓето биле повеќе склони кон извршување самоубиство на просечна млада воздраст (37.5) за разлика од оние кои живеат во помалку дискриминирачки средини (55.7). Сепак, убиствата повеќе се случуваат во хомофобичните средини, каде што случаите на убиства се три пати повисоки.

 

Четвртина од смртните случаи во средините со високо ниво на хомофобија се препишуваат на кардиоваскуларни заболувања.

 

„Психосоцијалниот стрес е силно поврзан со ризикот од заболување од кардиоваскуларна болест, и ваквиот вид на стрес може да претставува индиректен пат преку кој предрасудите допринесуваат за морталитетот“ – изјави проф. др. Марк Хатценбојлер и додаде: „Дискриминацијата, предрасудите и социјалната маргинализација кај стигматизираните индивидуи создаваат уникатни потреби кои предизвикуваат стрес“.

 

Според истражувачите, неколку фактори биле земени предвид, вклучувајќи ги примањата, образованието, полот, етничката припадност и возраста, како и и просечниот приход и образованието ниво на жителите во заедниците каде што живееле учесниците во истражувањето.

 

Извор: Advocate