14 Feb Политиките на дроги во САД и Европа мора да се променат, вели уругвајскиот претседател
(Ројтерс) – „На САД и Европа им е потребна нова стратегија во војната против дрогите и треба да бараат алтернативи какви што се регулираната продажба на марихуана“ – вели ургувајскиот претседател Хозе Мухика, чија земја неодамна го легализираше призводството и продажбата на канабис.
Во интервју дадено за Ројтерс минатиот четврток, седумдесет и осум годишниот претседател кој е исто така и поранешен левичарски герилец, им порача на најголемите економии кои истовремено се и најголемите пазари за нелегални наркотици, дека требаат да се борат против трговијата со дрога служејќи се со други алатки, а не со прохибицијата.
„Индустриските општества се оние кои треба да се променат“ – рече тој: „Малите земји можат да екпериметираат со тоа, но тоа можат да го прават и резвиените земји, затоа што имаат повеќе ресурси“.
Минатиот декември, парламентот на Уругвај го усвои законот за легализација и регулација на продажбата и производството на марихуана.
Овој потег со големо внимание беше набљудуван од страна на многу земји во светот меѓу кои и оние кои бараат промена на политиките на дрога за кои се признава дека се неуспешни.
„Постојат големи пазари, тие имаат огромна куповна моќ и тоа претставува голема економска привлечност. Додека нештата не се променат таму, ќе биде многу тешко да се променат и на други места“ – рече Мухика.
Мухика потенцираше дека овие промени треба да се направат и на други места, вклучувајќи ги и САД каде што веќе се преземаат чекори за декриминализација дури и легализација на употребата на марихуана, како доказ за непобивлива еволуција на ставовите.
Вашингтон и Колорадо неодамна ја легализираа продажбата на канабис, иако федералните закони во САД се сè уште исти.
„Според големината и економската сила, која било Северно-американска држава е побитна од Уругвај“ – рече тој и додаде: „Но, тоа е како да некоја дама сè уште да е посрамена да си ги признае своите гревови и сè уште да се лаже себе си. Она што ние го правиме е многу појавно“.
Новиот закон за марихуана во Уругвај ќе стапи во сила во април. Граѓаните во своите домови ќе можат да одгледуваат до шест растенија во текот на годината и ќе бидат во можност да купат до четириесет грама во текот на месецот во аптеки кои имаат дозвола за продажба.
Земјата не е заинтересирана за промовирање на туристичка канабис култура каков што е случајот во Холандија. За да го спречи ваквиот туризам, марихуаната ќе биде досапна само за уругвајските граѓани кои се регистирани во доверлива база на податоци.
Мухика заклучи дека нелегалната продажба сепак нема да престане да постои.
„Корисниците ќе можат да набават марихуана од црниот пазар. Знаеме дека тој ќе продолжи да постои, но нападот врз црнииот пазар ќе биде преку самиот пазар“ – рече тој.
„Во краен случај, она што Уругвај го прави е експеримент кој нема никакви гаранции, но некој мораше да се обиде да го направи тоа“ – вели Мухика.
„Ние се обидуваме да откриеме нова паткека, собирајќи нови искуства. Има луѓе кои велат дека не смеете да експериметирате. Но тое е патот кон неуспехот“.
Извор: Reuters