Фејсбук, Твитер и Гугл + ќе го одбележат „Спирит деј“

Фејсбук, Твитер и Гугл + ќе го одбележат „Спирит деј“

Фејсбук денеска ќе го одбележи „Спирит деј“ со тоа што неколку страници ќе ги промени во пурпурна боја и ќе ги охрабри своите вработени да научат нешто повеќе за овој настан.

 

„Спирит деј“ или Денот на духот беше создаден од канадскиот тинеџер Британи Мекмилан за да ги поттикне луѓето да носат пурпурно на 20-ти октомври во сеќавање на ЛГБТ тинејџерите кое се самоубиле откако биле малтретирани.

 

На знамето на виножитото, пурпурната боја означува „дух“.

 

Корисниците на Фејсбук, Твитер, Гугл+ и други социјални мрежи можат со користењето на посебна апликација своите слики на профилот да ги обојат пурпурно, Фејсбук ќе ги обои пурпирно преку целиот ден своите страници Фејсбук разноличност и Фејсбук безбедност.