Глобален повик за протест против нигерските анти-геј закони

Глобален повик за протест против нигерските анти-геј закони

Геј луѓето во Нигерија ги повикуваат луѓето од целиот свет да им помогнат во протестот против анти-геј законите во нивната земја.

 

Минатиот јануари анти-геј законот беше потпишан од страна на нигерскиот претседател Гудлак Џонатан, а организацијата Solitary Alliance се надева дека меѓународниот притисок би можело да помогне во неговото укинување.

 

Според овој закон се предвидува четиринаесет годишна затворска казна за ЛГБТИ лицата во земјата, но исто така се криминализираат и очевидците и оние кои им помагаат на истополовите парови.

 

Мајл Игодаро, активист за ЛГБТ и човекови права, изјави: „Настрана од фактот што членовите од овој закон директно ги прекршуваат основните човекови права – слободата на изразувањето и јавен собир, слободата да се има приватен и семеен живот и го уназадуваат пристапот до јавните сервиси, тие ефикасно покажуваат дека сезоната за напад врз ЛГБТ заедницата е отворена“.

 

Откако законот беше потпишан од страна на нигерискиот претседател, се случија бројни апсења на геј лица.

 

Геј лицата, лезбејките, бисексуалнците трансродовите лица и интерсексуалците, вклучително и нивните пријатели и семејства, живеат во страв од насилството кое се промовира од страна на државата.

 

Организацијата The Solitary Alliance го повикува целиот свет да се придружи на Глобалниот ден на акција кој ќе се оддржи на 7-ми март како знак на отпор против хомофобијата и прекршувањето на човековите права.

 

Игодаро додаде: „Светот не беше гласен за време на усвојувањето на законот, а тишината би можела да значи дека геј луѓето од Нигерија не се толку битни како оние од Уганда или Русија. Затоа ние ги повикуваме сите да се појават на 7-ми март и да покажат солидарност кон нигерската ЛГБТ заедница, да покажат дека светот не нé занемарува“.

 

Извор: Gay Star News